ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ

 КРАТОК ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ

 УСТАВНА ПОЛОЖБА НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

 НАДЛЕЖНОСТИ

 ИМЕНУВАЊЕ И УСЛОВИ ЗА ИМЕНУВАЊЕ

III. НАДЛЕЖНОСТИ

Надлежноста на Јавното обвинителство на Република Македонија се регулира освен со Уставот и со Законот за Јавно обвинителство (Службен весник на РМ број 80 од 1992 година) и неговите измени и дополнувања, Законот за кривична постапка, а дел од надлежноста на обвинителството произлегува и од законските одредби кои се регулираат парничната, вонпарничната, извршната, управната постапка, постапката по управни спорови и т.н.

Основно право и основна должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела. За кривичните дела за кои се гони по службена должност согласно Законот за кривична постапка (Службен весник на РМ број 15 од 1997 година) јавниот обвинител има повеќе надлежности:

  • да превзема потребни мерки во врска со откривањето на кривичните дела и со пронаоѓањето на сторителите и заради насочување на преткривичната постапка;
  • да бара спроведување на истрага;
  • да го подига и застапува обвинителниот акт, односно обвинителниот предлог пред надлежниот суд;
  • да изјавува жалби против неправосилните судски одлуки и да поднесува вонредни преавни лекови против правосилните судски одлуки.
  • врши и други дејствија определени со закон.

Јавниот обвинител има и надлежности во рамки и на другите со закон уредени постапки:

  • да се изјаснува по вонредните превни лекови - ревизии во парничната поатапка;
  • да поднесува вонредни правни лекови - барања за заштита на законитост во парничната, вонпарничната, прекршочната, управната, извршната постапка и постапките по управни спорови;
  • да учествува во горенаведените постапки како странка во случаите утврдени со закон.
  • врши и други дејствија определени со закон.

Согласно Законот за јавно обвинителство член 17 став 1, Јавниот обвинител на Република Македонија е надлежен и за поднесување на иницијатива за поведување постапка за оценување на согласноста на закон со Уставот и за согласноста на други прописи со Уставот и законите, ако прашањето за уставноста и законитоста се постави во работата на јавното обвинителство.

(види дијаграм)