|
IV. ИМЕНУВАЊЕ И
УСЛОВИ ЗА ИМЕНУВАЊЕ
Јавното обвинителство
на Република Македонија е орган кој иако независен и самостоен во
својата работа, сепак е одговорен за својата активност пред Собранието
на Република Македонија. Собранието на Република Македонија ги именува
јавниот обвинител и замениците јавни обвинители и го утврдува бројот
на замениците во Јавното обвинителство на Република Македонија,
Вишите и Основните јавни обвинителства.
За јавен обвинител
и заменик јавен обвинител може да биде именуван државјанин на Република
Македонија кој ги исполнува општите услови определени со закон за
засновање на работен однос во државен орган, дипломиран правник
со соодветна насока со положњн правосуден испит, кој ужива углед
за вршење на функција на јавенобвинител, односно заменик јавен обвинител.
Освен овие услови во зависност од нивото за кое јавниот обвинител
или негов заменик се именува, истиот мора да поседува и соодветно
работно искуство со потврдени резултати по положениот правосуден
испит на правни работи.
За јавен обвинител
на Република Македонија и заменик јавен обвинител на Република Македонија
може да биде именуван и редовен или вонреден професор на правен
факултет кој држел настава по правен предмет во непрекинато траење
од најмалку десет години во истото или во пониско наставничко звање.
Заради стручност
и компетентност во вршење на јавнообвинителската функција како и
нејзина независност и објективност Јавниот обвинител и неговите
заменици се должни да го чуваат угледот на функцијата што ја вршат
и не можат да вршат должности или работи кои се неспојливи со оваа
функција и го нарушуваат нејзиниот углед. Јавниот обвинител и неговите
заменици не можат да ја вршат фунцијата пратеник, или друга функција
во органите на Републиката, општината и градот Скопје. Истите не
можат да вршат политичка функција и да членуваат во политичка партија
или друго политичко здружение.
|