 |
ГРАЃАНСКО
ОДДЕЛЕНИЕ
СОСТАВ:
четири заменици на јавниот обвинител на Република Македонија И еден
соработник во јавното обвинителство на Република Македонија.
НАДЛЕЖНОСТИ:
- Изјаснување по поднесените
иницијативи од овластените странки во парничната, вонпарничната,
извршната постапка, постапката по семејни спорови, постапка за запишување
во судскиот регистар,постапка за запишување во трговскиот регистар,
стечајна постапка за поднесување на барања за заштитата на законитоста,
вонреден правен лек кој согласно член 387 од Законот за парничната
постапка како И Законот за извршната постапка, Законот за вонпроцесната
постапка, Законот за семејството, Законот за стечај, Законот за
трговските друштва, Законот за запишување во судскиот регистар го
поднесува исклучително Јавниот обвинител на Република Македонија
до Врховниот суд на Република Македонија , поради утврдени повреди
во материјалниот закон или постапката против правосилна судска одлука.
Воколку Јавниот Обвинител на РМ утврди постоење на повреда од наведениот
карактер поднесува до надлежниот суд Барање за заштита на законитоста
и истото го застапува на седниците на Врховниот суд на РМ.
- Изјаснување по поднесените
ревизии од овластените странки во парничната, вонпроцесната, постапката
по семејни спорови, постапка за запишување во судскиот регистар,постапка
за запишување во трговскиот регистар, вонреден правен лек кој согласно
член 376 од Законот за парничната постапка како и Законот за вонпроцесната
постапка, Законот за семејството, Законот за трговските друштва,
Законот за запишување во судскиот регистар, се поднесува поради
одредени повреди во материјалниот закон или постапката против правосилна
судска одлука.
|