|
УПРАВНО
ОДДЕЛЕНИЕ
СОСТАВ:
Еден заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија
НАДЛЕЖНОСТИ:
- Изјаснување по поднесените
иницијативи од овластените странки во општата управна постапка И
постапката по управни спорови за поднесување на барања за заштитата
на законитоста, вонреден правен лек кој согласно од Законот за општата
управна постапка И Законот за управните спорови го поднесува исклучително
Јавниот обвинител на Република Македонија до Врховниот суд на Република
Македонија , поради утврдени повреди во материјалниот закон или
постапката против правосилна судска одлука. Воколку Јавниот Обвинител
на РМ утврди постоење на повреда од наведениот карактер поднесува
до надлежниот суд Барање за заштита на законитоста и истото го застапува
на седниците на Врховниот суд на РМ.
|