ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ

 КРИВИЧНО ОДДЕЛЕНИЕ

 УПРАВНО ОДДЕЛЕНИЕ

 ГРАЃАНСКО ОДДЕЛЕНИЕ

 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

4. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Одделението за меѓународна соработка во Јавното обвинителство на Република Македонија е формирано во текот на 2000 година. Во составот на ова одделение се вклучени заменици на Јавниот Обвинител на Република Македонија и основниот јавен обвинител на Скопје, како и соработници и помлади соработници од Јавното Обвинителство на Република Македонија и Основното Јавно Обвинитеслтво Скопје. Покрај ангажманот што одделението го има во однос на предметското работење на јавното обвинителство во однос на меѓународната правна помош, ќе има и функција на меѓусебно информирање со јавните обвинителства од другите држави во врска со најразлични податоци од областа на организираниот криминал, нормативата во државите од областа на кривичната материја и друг вид на активност.

4.1. МЕЃУНАРОДНАТА АКТИВНОСТ НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Јавното Обвинителство на Република Македонија согледувајќи ја потребата од интегрирање во рамки на европските и светските процеси во борбата против меѓународниот организиран криминал и имплементација на светските позитивни искуства во борбата против криминалот разви широка меѓународна активност. Во рамки на оваа активност Јавното Обвинителство на Република Македонија учествуваше во бројни проекти и активности надвор и во нашата држава.

Заедничка програма на Комисијата на Европската Заедница и Советот на Европа за Борба против корупцијата и организираниот криминал во земјите на транзиција - ОКТОПОД 2 http://www.coe.fr. Во рамки на Програмата ОКТОПОД 2 организирани се повеќе семинари и студиски посети на теми од сферата на организираниот криминал, перењето пари, меѓународната соработка во борбата против криминалот, подобрување на кривично-правните институти итн. Ученици на овие активности се јавните обвинители, судии, претставници на Министерството за Внатрешни работи, Министерството за Правда, Народната Банка земјите учеснички во програмата Албанија, Бугарија, Хрватска, Македонија, Молдавија, Романија, Турција, Полска, Русија, Латвија, Литванија, Украина, Чешката Република и Естонија.

Интензивна соработка и средби со претставниците на Иницијатива за соработка во Југоисточна Европа -Регионален центар за борба против Трансграничниот криминал и Меѓународната организација за миграции http://www.iom.int. Земји учеснички се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Молдавија, Унгарија, Романија, Словенија, Турција,Хрватска. Со цели: -подршка на регионалната соработка,- помагање на интегративните европски процеси на асоцијативните членки,- создавање на нови начини за соработка, -решавање на прашања од заеднички интерес за надминување на специфични политички, историски или етнички разлики

Програма за борба против корупцијата и организираниот криминал во Југоисточна Европа - Проект за судка мрежа. Како придонес во имплементацијата на Пактот за стабилност за борба против корупцијата и организираниот криминал овој ПАКО проект е започнат заради зајакнување на правосудната мрежа во борбата птотив организираниот криминал помеѓу државите на Југоисточна Европа. Основните активности се два регионални семинари во кои учество зема И претставник на Јавното обвинителство на Репунлика Македонија. Земји учеснички се Албанија, Македонија, Бугарија, Хрватска, БиХ, Унгарија, Молдавија, Романија, Турција, Словенија.

Во рамките на Програмата за Соработка за зајакнување на Владеењето на Правото http://www.coe.int, Советот на Европа, покрај постојаните активности на Советот на Европа кои се однесуваат на работата на Генералните Обвинители во државите чие начело е владеење на правото, како и неговите активности на полето на меѓународната правна помош по кривични прашања организираше Паневропски Конференции на Обвинителите на Југоисточна Европа:

Првата Паневропската Конференција " Што е Јавното Обвинителство во Европа во XXI Век", се одржа од 22. до 24. мај 2000 година во Страсбур на која за првпат учествуваа сите обвинители од цела Европа. Конференцијата во целост ги усвои препораките кои се однесуваат на меѓународната соработка, особено во однос на потребата:

- Јавните обвинители подобро да се запознаат како лично така и професионално,

- Да се зголеми свеста на јавните обвинители за значењето на меѓународната соработка во кривично-правна област,

- Да се појасни специфичната улога на јавниот обвинител во ваквата соработка.

Паневропската Конференција за Јавните Обвинители специјализирани за случаи на организиран криминал на тема; "Заштитување на општеството од организираниот криминал", се одржа во Казерта ( Италија) од 8. до 10. септември 2000 година.

Втората Паневропска Конференција на Јавните Обвинители на Европа на тема "Хармонизација и соработка помеѓу обвинителите на Европско ниво" беше организирана во форма на мултилатерален состанок кој се одржи во Букурешт, од 12. до 16. мај 2001 година. Обмислена како начин да се состанат заедно Обвинителите на сите држави членки како и на земјите кандидатки за членство и земјите набљудувачи. На оваа конференција учество зема Јавниот обвинител на Репулика Македонија Г-дин Ставре Џиков кој во интерес на актуелната состојба во Република Македонија престстави информација за тероризмот во Република Македонија И запознавање на Обвинителите од европските држави со случајот на Убиството на осумте припадници на безбедносните сили на РМ кај селото Вејце. Конференцијата ги усвои следните заклучоци: -Конференцијата го поканува Комитетот на Министри на Советот на Европа да организира, во рамки на организацијата, " Конференција на Јавните Обвинители на Европа".

-Во врска со меѓународната соработка по кривични прашања Конференцијата смета дека треба да се создаде неформална но флексибилна структура во таа насока И де се формира Координативно Биро.

4.2. РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

Во рамките на интензивната меѓународна активност Јавното обвинителство ан Република Македонија остварува И непосредни контакти, работни средби И посети на Јавните Обвинителства од регионот, Во таа насока се И средбите одржани со Обвинителите на Хрватска, Словенија, СРЈугославија, Бугарија, Албанија.

На планот на меѓународна соработка во 1999 година во Охрид, во организација на Јавното обвинителство на Република Македонија се одржа средба на јавните обвинители од земјите на Југоисточна Европа на тема: "Статусот на јавното обвинителство во правниот систем на Република Македонија и во земјите на Југоисточна Европа и организираниот криминал и корупцијата и нивниот третман во законската регулатива". На средбата беа присутни и Јавниот обвинител на Република Македонија со своите заменици, Јавниот обвинител на Република Грција Димопулос Панајотис, Јавниот обвинител на Република Бугарија Никола Филчев, Јавниот обвинител на СР Југославија Вукашин Јокановиќ, Јавните обвинители на Босанска Федерација Суљо Бабиќ и Димитријевиќ Војислав, помошниците на Јавниот обвинител на Република Албанија Арбен Ракипи и претставник на Советот на Европа Александар Зигер. Во таа прилика беа потпишани писмени протоколи за соработка помеѓу обвинителствата во врска со проблематиката од организираниот криминал и друг вид на криминал.