ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ

ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИ

(Овој Закон е објавен во Службен весник на РМ бр. 15/97)

ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Содржина на законот

Член 1

Со овој закон се определуваат условите за прекршочната одговорност и изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се уредува пре-кршочната постапка.

Примена на одредбите на Кривичниот законик и

Законот за кривичната постапка

Член 2

(1) На прекршочната одговорност, изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции се применуваат одредбите од општиот дел од Кривич-ниот законик, доколку со овој закон поинаку не е определено.

(2) На прекршочната постапка се применуваат одредбите од Законот за кривичната постапка, доколку со овој закон поинаку не е определено.

Дел први

МАТЕРИЈАЛНО-ПРАВНИ ОДРЕДБИ

Глава прва

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Законитост во определувањето на прекршоците и во пропишувањето на прекршочните санкции

Член 3

Никому не може да му биде изречена прекршочна санкција за дело кое, пред да е сторено, не било со закон определено како прекршок и за кое со закон не била пропишана казна.

Прекршочни санкции

Член 4

Прекршочни санкции се: казни, прекршочна опомена, мерки на безбед-ност и воспитни мерки.

Глава втора

ПРЕКРШОК И ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ

Прекршок

Член 5

Прекршокот е противправно дело што со закон е определено како прекршок и чии обележја се определени со закон.

Одговорност за прекршок

Член 6

(1) За прекршок може да биде одоговорно физичко и правно лице.

(2) Прекршочна постапка нема да се води ниту ќе се изрекува казна за прекршок против лица кои уживаат дипломатски имунитет.

Одговорност на физичко лице

Член 7

(1) За одговорност на физично лице достатна е небрежност на сторите-лот, доколку со законот во кој е пропишан прекршокот не е определно дека ќе се казни само кога е сторен со умисла.

(2) Одговорно лице во правно лице, ќе се казни за прекршок кога до извршување на прекршокот дошло со негово дејствие или со негово пропуштање на должен надзор.

Одговорност на правно лице

Член 8

(1) Правното лице може да одговара за прекршок само ако тоа посебно е определено со законот со кој прекршокот е предвиден.

(2) Правното лице е одговорно за прекршок ако до извршување на прекршокот дошло со дејствие или со пропуштање на должен надзор од страна на надлежниот орган или на одговорното лице во правното лице или со дејствие или пропуштање на друго лице кое било овластено да постапува од името на правното лице.

Одговорност на странско правно лице

Член 9

Странско правно лице ќе се казни за прекршок ако прекршокот е сторен на територијата на Република Македонија и ако има свое претстав-ништво или друга фирма во Република Македонија.

Казнување за обид

Член 10

За обид на прекршок сторителот е одговорен само ако тоа е опреде-лено со закон.

Глава трета

И. ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ

1. Казни

Видови казни

Член 11

(1) За прекршок на физичко лице можат да се изречат парична казна и казна затвор.

(2) За прекршок на правното лице може да се изрече парична казна.

(3) Казната затвор може да се изрече како главна казна.

(4) Паричната казна може да се изрече како главна и како споредна казна.

(5) Ако за прекршокот покрај казната затвор е пропишана и парична казна, паричната кана ќе се изрече како споредна казна.

(6) Паричната казна ќе се изрече како споредна казна и кога не е про-пишана за прекршокот ако се работи за прекршок сторен од користољубие.

Затвор

Член 12

(1) Казната затвор не може да се пропише во траење пократко од пет дена ниту подолго од 90 дена.

(2) Казната затвор се изрекува на полни денови.

(3) Казната затвор не може да се изрече на бремена жена по наполнети три месеци бременост ниту на мајка додека детето не наполни една година, а ако детето е родено мртво - додека не поминат шест месеци од денот на поро-дувањето.

Парична казна

Член 13

(1) Парична казна за физичко лице не може да се пропише во износ помал од 1.000 денари, ниту поголем од 50.000 денари.

(2) Парична казна за правно лице не може да се пропише во износ помал од 10.000 денари, ниту поголем од 300.000 денари.

(3) За прекршоци сторени од користољубие, или за прекршоци со кои се предизвикува поголема имотна штета може да се пропише парична казна до двојниот износ од казната од став 1 или во сразмер со висината на причинетата штета или прибавената корист, но најмногу до нивниот дваесеткратен износ.

(4) Со законот за прекршокот за мандатно казнување може да се пропише парична казна во определен износ кој:

- за физички лица не може да биде поголем од 10.000 денари,

- за правни лица не може да биде поголем од 100.000 денари.

Рок на плаќање на паричната казна

Член 14

(1) Во одлуката за прекршокот се определува рокот за плаќање на паричната казна, кој не може да биде пократок од 15 дена ниту подолг од 30 дена од денот на правосилноста на одлуката.

(2) Во оправдани случи судот што ја донел одлуката за прекршок во прв степен може да дозволи паричната казна да се исплати во рати. Во тој случај судот ќе го определи начинот на плаќањето и рокот на плаќањето кој не може да биде подолг од шест месеци.

Замена на паричната казна

Член 15

(1) Ако казнетото физичко лице во определениот рок не ја плати паричната казна, судот ќе ја изврши така што паричната казна ќе се замени со затвор сметајќи ги секои започнати 1.000 денари за еден ден затвор, со тоа што затворот да не може да трае подолго од 60 дена.

(2) Ако казнетото физичко лице казнето со парична казна над 2.000,00 денари плати само дел од паричната казна остатокот од паричната казна ќе се замени со затвор.

(3) Извршувањето на затворот, со кој е заменета паричната казна, ќе се прекине ако казнетиот го плати остатокот на паричната казна по засметувањето на делот од таа казна што и одговара на делот од извршениот затвор.

(4) Ако покрај паричната казна е изречена и казна затвор, затворот со кој се заменува парична казна и изречената казна затвор не може да трае подолго од 90 дена.

Присилна наплата на паричната казна

Член 16

Ако казнетото правно лице не ја плати во определениот рок паричната казна, наплатата ќе се изврши по присилен пат, согласно со закон.

2. Одмерување на казната

Стек на прекршоци

Член 17

Ако сторителот со едно дејствие или со повеќе дејствија сторил повеќе прекршоци по кои не е донесена пресуда за прекршок а постапката се води пред истиот суд, претходно ќе се утврди казната за секој прекршок и ќе се изречат сите утврдени казни, а ако казните се од ист вид ќе се изрече единствена казна што е еднаква на збирот на одделно утврдените казни, со тоа што вкупната казна затвор не може да изнесува повеќе од 90 дена а вкупната парична казна не може да биде поголема од максимумот на паричната казна пропишана со овој закон.

Продолжен прекршок

Член 18

(1) На сторителот кој искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности, со умисла ќе изврши две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на ист прекршок, судот ќе му изрече единствена казна во границите на казната пропишана за тој прекршок.

(2) На сторителот кој под условите од став 1 ќе изврши две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат остварување на истородни прекршоци, судот ќе му изрече казна во границите на казната пропишана за најтешкиот прекршок.

Ублажување на казната

Член 19

Судот може на сторителот на прекршокот да му одмери казна под границата определена за тој прекршок или да примени поблаг вид казна:

1. Ако законот предвидува дека сторителот може да се казни поблаго и

2. Ако при одмерувањето на казната се утврди дека прекршокот не е од потешка природа или дека со прекршокот не се причинети потешки последици, а постојат олеснувачки околности што укажуват дека и со поблага казна ќе се постигне целта на казнувањето.

Граници на ублажување на казната

Член 20

Кога постојат услови за ублажување на казната од член 19, судот пропишаната казна може да ја ублажи на еден од следните начини:

1. Ќе изрече казна под најмалата мерка на казната што е пропишана за тој прекршок, но не под најмалата законска мерка на тој вид казна;

2. Наместо пропишаната казна затвор ќе изрече парична казна и

3. Наместо кумулативно пропишаните казна затвор и парична казна ќе изрече само една од тие казни.

Засметување на притворот

Член 21

(1) Ако сторителот на прекршокот по било кој основ е лишен од слобода во врска со прекршокот, времето на лишувањето од слобода му се засметува во изречената казна.

(2) Лишувањето од слобода што траело подолго од 12, а пократко од 24 часа се засметува во еден ден затвор, односно 1.000 денари за еден ден, а кога е изречена паричната казна за еден ден лишување од слобода се засметуваат 1.000 денари.

Мандатно казнување

Член 22

(1) Сторителот затекнат при извршување на прекршок, за кој е предви-дена парична казна во определен износ (член 13 став 4) од страна на службе-но лице на кое со законот му е дадено такво овластување, може да ја плати казната на самото место, по негова согласност.

(2) Ако сторителот доброволно не ја плати мандатната казна од став 1 на самото место или во рок кој не може да биде подолг од осум дена, по барање на овластен орган судот ќе го казни за прекршок со парична казна која не може да биде помала од казната што во одреден износ е пропишана за тој прекршок, ниту поголема од трикратниот износ на така пропишаната казна, но не повеќе од максимумот на паричната казна пропишана во овој закон.

(3) Во случај на стек на прекршоци, сторителот не може мандатно да се казни.

ИИ. ПРЕКРШОЧНА ОПОМЕНА

Услови за изрекување

Член 23

(1) Прекршочна опомена може да се изрече наместо казна, ако прекр-шокот е сторен под такви олеснителни околности кои го прават особено лесен, и може да се очекува дека целта на казнувањето ќе се постигне со изрекување на прекршочна опомена.

(2) Прекршочна опомена може да се изрече и ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или со прекршокот е нанесена штета, а сторителот пред донесувањето на пресудата за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или наодместил нанесената штета.

ИИИ. МЕРКИ НА БЕЗБЕДНОСТ

Видови на мерки на безбедност

Член 24

(1) Под условите предвидени со Кривичниот законик и со овој закон, за прекршок можат да се изречат следните мерки на безбедност:

1. Задолжително лекување на алкохоличари и наркомани;

2. Забрана на вршење професија, дејност или должност;

3. Забрана на управување со моторно возило;

4. Одземање на предмети и

5. Протерување на странец од земјата.

(2) На правното лице може да му се изрече мерка на безбедност забрана на вршење на определена дејност.

Изрекување на мерките на безбедност

Член 25

(1) Мерките на безбедност од член 24, освен мерката одземање на предмети, можат да се изречат само кога на сторителот му е изречена казна.

(2) Мерката на безбедност задолжително лекување на алкохоличари и наркомани може да трае најдолго една година. Времето на траењето на мерката тече од денот на правосилноста на пресудата за прекршокот. Времето поминато во здравствена или друга специјализирана установа се засметува во изречената казна.

(3) Мерката на безбедност забрана на вршење на професија, дејност или должност, може да се изрече во траење од три месеци до една година. Времето на траењето на изречената мерка тече од денот на правосилноста на пресудата за прекршокот. Времето поминато на издржување на казната затвор не се засметува во времето на траењето на изречената мерка.

(4) Мерката на безбедност забрана на управување со моторно возило може да се изрече во траење од три месеци до една година. Ако со законот со кој се пропишува прекршокот поинаку не е определено, времето на траењето на изречената мерка тече од денот на правосилноста на пресудата за прекршокот. Времето поминато на издржување на казната затвор не се засметува во времето на траењето на изречената мерка.

(5) Мерката на безбедност одземање на предмети може да се изрече и кога на сторителот на прекршокот му е изречена прекршочна опомена.

(6) Мерката на безбедност протерување на странец од земјата може да се изрече во траење од шест месеци до две години. Времето на траењето на изречената мерка тече од денот на правосилноста на пресудата за прекр-шокот. Времето поминато на издржување на казната затвор не се засметува во времето на траењето на изречената мерка.

Забрана на вршење на определена дејност на правно лице

Член 26

(1) Во пресудата со која на правното лице се изрекува мерката забрана на вршење на определена дејност, се наведува дејноста чие вршење му се забранува на правното лице.

(2) Мерката забрана на вршење на определена дејност на правно лице, може да се изрече ако постои опасност со вршењето на таква дејност прав-ното лице да изврши повторно прекршок опасен за животот или здравјето на луѓето или прекршок со кој може да се нанесе имотна штета на друго правно лице или на граѓани, или ако правното лице во последните две години е казнето поради ист или сличен прекршок.

(3) Со Законот со кој се пропишува прекршокот може да се пропише задолжително изрекување на мерката забрана на вршење на определена дејност на правно лице.

(4) Судот го определува траењето на мерката од став 1 кое не може да биде пократко од шест месеци, ниту подолго од пет години, сметајќи од денот на правосилноста на пресудата.

Глава четврта

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ОДГОВОРНОСТА И ЗА

КАЗНУВАЊЕТО НА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ

Исклучување на прекршочни санкции спрема деца

Член 27

Спрема малолетник кој во времето на извршувањето на прекршокот не наполнил 14 години (дете) не може да се применат прекршочни санкции.

Одговорност на родителот односно старателот

за прекршокот на малолетникот

Член 28

Со закон може да се определи родителот, односно старателот на малолетникот кој сторил прекршок да се казни, ако до извршување на прекршокот дошло поради пропуштање на должноста да се грижи за малолетникот.

Изрекување на прекршочни санкции

спрема малолетници

Член 29

(1) На малолетник кој во времето на извршувањето на прекршокот наполнил 14, а не наполнил 16 години (помлад малолетник) можат да му се изречат само воспитни мерки.

(2) На малолетник кој во времето на извршувањето на прекршокот наполнил 16, а не наполнил 18 години (постар малолетник), може да му се изрече воспитна мерка, а по исклучок парична казна или казна затвор.

(3) На малолетник, под условите предвидени со закон, кон воспитната мерка, односно казната можат да му се изречат и мерки на безбедност.

Воспитни мерки

Член 30

(1) На малолетник можат да му се изречат следните воспитни мерки предвидени во Кривичниот законик:

- дисциплински мерки - укор и

- мерки на засилен надзор: од страна на родителот, посвоителот или старателот или од страна на социјален орган.

(2) Воспитната мерка на засилен надзор не може да се изрече во траење пократко од 30 дена ниту подолго од една година.

Казнување на малолетници

Член 31

(1) На постар малолетник може да му се изрече парична казна или казна затвор доколку видот и тежината на прекршокот и високиот степен на одговорност укажуваат дека само на овој начин може да се постигне целта на казнувањето.

(2) Казната затвор на постар малолетник може да му се изрече во траење до 15 дена.

(3) При заменувањето на паричната казна со затвор, затворот не може да биде подолг од 15 дена.

Примена на мерките на безбедност

Член 32

На малолетник на кого му е изречена воспитна мерка или казна за прекршок може да му се изречат следните мерки на безбедност:

1. Задолително лекување на алкохоличари и наркомани;

2.Одземање на предмети и

3. Протерување на странец од земјата.

Глава петта

КАЗНЕНА ЕВИДЕНЦИЈА

Водење на казнена евиденција

Член 33

(1) Казнената евиденција се води само за изречените мерки на безбедност што се состојат во забрана.

(2) Казнената евиденција ја води првостепениот суд според местото на раѓање на сторителот на прекршокот, односно седиштето на правното лице.

(3) Податоци од казнената евиденција, судот дава само на образложено барање од други државни органи, правни или физички лица, ако сe уште траат мерките на забрана.

(4) По истекот на времето за кое се изречени, мерките се бришат од казнената евиденција.

Глава шеста

ЗАСТАРЕНОСТ

Застареност на поведување и водење

на прекршочната постапка

Член 34

(1) Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако помине една година од денот кога е сторен прекршокот.

(2) Застарувањето на прекршочното гонење започнува од денот кога е сторен прекршокот.

(3) Застарувањето не тече за времето за кое според законот гонење не може да започне или да продолжи.

(4) Застарувањето се прекинува со секое процесно дејствие што се презема заради гонење на сторителот на прекршокот.

(5) Застарувањето се прекинува и кога сторителот во времето додека тече рокот на застареноста ќе стори исто така тежок или потежок прекршок.

(6) По секој прекин застарувањето започнува повторно да тече.

(7) Застареност на прекршочното гонење настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на прекршочното гонење.

(8) Со закон кој предвидува прекршоци може за одделни прекршоци да се определат рокови на застареност подолги од роковите од став 1, но не подолги од пет години.

Застареност на извршувањето на казните

и на мерките на безбедност

Член 35

(1) Изречената казна и мерката на безбедност не можат да се извршат ако од денот на правосилноста на пресудата за прекршокот помине една година.

(2) Застарувањето на извршувањето на казната и на мерката на безбедност започнува да тече од денот кога пресудата за прекршокот станала правосилна.

(3) Застарувањето не тече за времето за кое извршувањето не може да се преземе според закон.

(4) Застарувањето се прекинува со секое дејствие на надлежниот орган што се презема заради извршување на казната или друга прекршочна санкција.

(5) По секој прекин застарувањето почнува повторно да тече.

(6) Застареност на извршувањето на казната и на мерката за безбед-ност настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на извршувањето.

Глава седма

ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗИТЕ НА ОВОЈ ЗАКОН

Член 36

(1) Поимот прекршок ги опфаќа и делата што во одделни закони се предвидени како стопански престап.

(2) Поимот физичко лице опфаќа и одговорно лице во правно лице, службено лице, воено лице и лице кое самостојно врши дејност.

(3) Поимот правно лице не ги опфаќа Република Македонија, држав-ните органи и органите во единиците на локалната самоуправа.

(4) Како одговорно се смета лице во правно лице на кое со оглед на неговата функција или врз посебно овластување во правното лице му е доверен определен круг на работи што се однесуваат на извршување на законските прописи или на прописите донесени врз основа на закон или општ акт на правното лице во управувањето, користењето и располагањето со имот, раководењето со производниот или некој друг стопански процес или надзорот над нив.

(5) Како службено лице се смета:

а) избран или именуван функционер во Собранието на Република Македонија, во Владата, во органите на државната управа, во судовите и други органи и организации што вршат определени стручни, управни и други работи во рамките на правата и должностите на Републиката, во локалната самоуправа, како и лица кои постојано или повремено вршат службена должност во овие органи и организации;

б) овластено лице во правно лице на кое со закон или со друг пропис донесен врз основа на закон му е доверено вршење на јавни овластувања, кога должноста ја врши во рамките на тие овластувања;

в) лице кое врши определени службени должности на основа овласту-вање дадено со закон или со други прописи донесени врз основа на закон и

г) воено лице кога се во прашање прекршоци кај кои како извршител е означено службено лице.

(6) Под поимот воено лице се сметаат: војник на отслужување на вое-ниот рок; војник по договор; питомец на воена академија; воен старешина; лице од резервниот состав додека како воен обврзник се наоѓа на воена должност и граѓански лица на служба во Армијата на Република Македонија.

(7) Како лице кое самостојно врши дејност се смета лицето кое врши дејност врз основа на пропишани дозволи или одобренија.

Дел втори

ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА

Глава осма

ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Надлежност за изрекување прекршочна санкција

Член 37

Прекршочна санкција за сторен прекршок може да изрече само надлежен суд во постапка што е поведена според овој закон.

Примена на одредбите од Законот за кривичната постапка

Член 38

Ако со одредбите од овој закон поинаку не е определено, во прекршочната постапка согласно ќе се применуваат следните одредби од Законот за кривичната постапка: за основните начела; месна надлежност; последици од ненадлежност и судир; изземање; за обвинет; бранител; поднесоци; записници; рокови; враќање во поранешна состојба; трошоци; имотно-правно барање; донесување и соопштување на одлуките; доставување на писмена; повикување, доведување, задржување на лица, гаранција и одземање на патна исправа на странец; притвор; сослушување на сведоци; увид; вештачење; претресување на простории и лица; редовни и вонредни правни лекови.

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Стварна надлежност

Член 39

(1) Прекршочната постапка во прв степен ја води основниот суд, а во втор степен апелациониот суд.

(2) Во прекршочна постапка во прв степен одлучува судија поединец, а во втор степен совет од тројца судии.

Глава деветта

ОБВИНЕТ И НЕГОВО ПРАВО НА ОДБРАНА

Обвинет

Член 40

(1) Обвинет е физичко или правно лице против кое се води прекр-шочна постапка.

(2) Ако за прекршок е обвинето правно лице и одговорно лице во правното лице се спроведува единствена постапка.

Застапување на правно лице

Член 41

(1) За обвинетото правно лице во прекршочната постапка учествува неговиот застапник, овластен да ги преземе сите дејствија што може да ги преземе обвинетиот.

(2) Застапник на обвинетото правно лице е лице кое е овластено да го застапува правното лице врз основа на закон или друг пропис на надлежен државен орган, статут или друг општ акт на правното лице.

(3) Надлежниот орган на обвинетото правно лице може за застапник да определи друго лице од редот на своите членови или друг работник во тоа правно лице или во службата која врши заеднички работи.

(4) Застапникот на обвинетото правно лице од став 3 на овој член мора да има писмено овластување од надлежниот орган што го определил за застапник.

(5) Застапник на обвинетото правно лице може да биде само едно лице.

Застапување на странско правно лице

Член 42

Странското правно лице го застапува раководителот на претстав-ништвото или друго лице овластено од странското правно лице.

Ограничување на застапувањето

Член 43

(1) Застапник на обвинетото правно лице не може да биде одговорното лице во правното лице против кое се води прекршочна постапка за ист прекршок.

(2) Застапник на правното лице не може да биде лице кое е сведок во истата работа.

(3) Во случаите од ставовите 1 и 2 на овој член, судот е должен да го извести правното лице заради определување на друг застапник.

(4) За странско правно лице известувањето од став 3 на овој член се доставува до претставништвото на странското правно лице.

Застапување на повеќе обвинети правни лица

Член 44

Повеќе обвинети правни лица можат да имаат за застапник исто лице само ако тоа не е во спротивност со интересите на нивната одбрана.

Одредување на застапник од страна на судот

Член 45

(1) Ако обвинетото правно лице на поканата на судот не определи свој застапник, судот за застапник ќе го определи лицето кое е одговорно лице во правното лице.

(2) Ако одговорното лице не може да биде застапник на правното лице поради пречките од член 43, а не постои друго одговорно лице во правното лице, судот ќе определи бранител по службена должност од редот на адвокатите.

Глава десетта

ОШТЕТЕНИОТ И НЕГОВОТО ЗАСТАПУВАЊЕ

Оштетен

Член 46

(1) Оштетен во смисла на овој закон е лице чие право е повредено или загрозено со прекршокот.

(2) Оштетениот, самиот или преку свој законски застапник или полно-мошник, има право:

1. да поднесува барање за поведување на прекршочна постапка;

2. да поднесува докази, да поднесува предлози и да истакнува имотно-правно барање за надоместок на штета или враќање на предмети;

3. да изјавува жалба на пресудата што е донесена по повод неговото барање за поведување на прекршочната постапка или по повод одлуката за трошоците на постапката;

4. да се откаже од барањето за водење на прекршочната постапка до донесувањето на пресудата за прекршокот и во таков случај нема право повторно да поднесува барање за гонење.

Глава единаесетта

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПИСМЕНА НА ПРАВНИ ЛИЦА

Доставување на писмена на правни лица

Член 47

(1) На државниот орган одлуките и другите писмена му се доставуват со предавање во писарницата.

(2) Доставувањето на правните лица се врши со предавање на писмено-то на лицето овластено за прием на писмено или на работникот кој се затекнал во деловната просторија.

(3) Кога се врши доставување на одлуки кај кои од денот на доставу-вањето тече рок, како ден на доставување се смета денот на предавањето во писарницата на органот, односно на лицето од став 2 на овој член.

Глава дванаесетта

ПОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА

Подносител на барањето

Член 48

(1) Прекршочната постапка се поведува по барање од овластениот орган и оштетениот (во понатамошниот текст: подносител на барањето).

(2) Овластени органи, во смисла на став 1 од овој член се органите на управата, јавниот обвинител, единиците на локалната самоуправа и други органи и организации што вршат јавни овластувања во чија надлежност спаѓа непосредното извршување или надзор над извршувањето на прописите во кои се предвидени прекршоци.

(3) Во случајот од член 22 на овој закон (мандатно казнување), службе-ното лице на кое му е дадено законско овластување да ја наплати казната на самото место може да поднесе барање за поведување на прекршочна постап-ка ако сторителот не ја плати казната на самото место или ако сторил пре-кршоци во стек.

(4) Овластените органи од ставовите 2 и 3 се должни да поднесат бара-ње за поведување на прекршочна постапка секогаш кога постојат основи за поведување на постапка за прекршок.

(5) Барањето за поведување на прекршочна постапка се поднесува писмено.

(6) Оштетениот може барањето да го поднесе и усно на записник.

Содржина на барањето

Член 49

(1) Барањето за поведување на прекршочна постапка содржи:

1. Основни податоци за обвинетиот (име и презиме, прекар, ако го има, место и датум на раѓање, место на живеење, улица и број, државјанство и занимање), односно назив и седиште на обвинетото правно лице, а за одговорното лице во правното лице и функцијата што ја врши во тоа правно лице;

2. Фактички опис на прекршокот од кој произлегуваат правните обе-лежја на прекршокот, време и место на извршувањето на прекршокот и други околности потребни што поблиску да се определи прекршокот;

3. Правна квалификација на прекршокот што треба да се примени;

4. Предлог за доказите што треба да се изведат и

5. Потпис на подносителот на барањето.

(2) Кога барањето за поведување на прекршочната постапка го подне-сува оштетениот, барањето не мора да содржи правна квалификација за прекршокот.

(3) Кон барањето за поведување на прекршочна постапка оштетениот може да поднесе и барање за надомест на штета.

(4) Кон барањето се приложуваат доказите.

Дополнување на барањето

Член 50

Ако барањето за поведување на прекршочната постапка не ги содржи сите податоци од член 49 на овој закон, ќе се побара од подносителот на барањето да го дополни во рок, кој не може да биде подолг од 15 дена. Во случај подносителот на барањето да не ги отстранил недостатоците во одредениот рок, ќе се смета дека се откажал од барањето и таквото барање ќе се отфрли.

Одлука по барањето

Член 51

Кога судот надлежен за водење на прекршочната постапка ќе утврди дека постојат услови за поведување на прекршочната постапка, за тоа ќе донесе решение за поведување на постапката.

Отфрлање на барањето

Член 52

(1) Ако судот утврди дека не постојат услови за поведување на прекршочната постапка барањето ќе го отфрли со решение.

(2) Не постојат услови за поведување на прекршочната постапка кога:

1. Дејствието опишано во барањето не е прекршок;

2. Постојат основи што ја исклучуваат одговорноста за прекршок;

3. Настапила застареност за поведување на прекршочната постапка;

4. Барањето го поднел неовластен орган, односно лице;

5. Постојат други законски причини поради кои прекршочната постпка не може да се поведе и

6. Барањето не е поткрепено со докази за сторен прекршок.

(3) Решението од став 1 ќе се достави на подносителот на барањето, а оштетениот ќе се извести дека имотно-правното барање може да го остварува во процесна постапка.

(4) Против решението од став 1 подносителот на барањето има право на жалба во рок од 15 дена до апелациониот суд.

Доставување на барање

Член 53

(1) Примерок од барањето за поведување на прекршочната постапка, судот ќе му достави на обвинетиот со поканата за испитување, односно за давање на писмена одбрана.

(2) Ако од моментот на поведувањето на прекршочната постапка зависи некое право или обврска, ќе се смета дека прекршочната постапка е поведена кога е донесено решение за поведување на постапката.

Глава тринаесетта

МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСУСТВО НА ОБВИНЕТИОТ

И ЗА ВОДЕЊЕ НА ПРЕКРШОЧНАТА ПОСТАПКА

Видови мерки

Член 54

Мерки што можат да се преземат спрема обивинетиот заради обезбе-дување присуство и за водење на прекршочната постапка се: повикување, доведување, притвор, гаранција и привремено одземање на патна исправа на странец.

Притвор

Член 55

(1) Судот може да определи притвор на обвинетиот во траење до пет дена ако:

1. Обвинетиот не може да го докаже својот идентитет или нема живеа-лиште, или ако со одење во странство може да го оневозможи судењето;

2. Се работи за потежок прекршок за кој е пропишана казна затвор и

3. Фатен при извршување на прекршокот.

(2) Судот ќе донесе решение за притвор по образложено барање на подносителот на барањето за поведување на прекршочна постапка.

(3) Против решението со кое се определува притвор, обвинетиот има право на жалба во рок од 24 часа до апелациониот суд, кој е должен да одлучи по жалбата и своето решение да го достави до основниот суд во рок од 48 часа, сметајќи од часот на приемот на списите по предметот.

Гаранција

Член 56

(1) Кога прекршочната постапка е поведена против обвинетиот кој не живее постојано во Република Македонија, а сака пред завршувањето на постапката да ја напушти, на негова молба судот може да дозволи да положи гаранција како обезбедување за исполнување на обврските што можат да бидат определени во пресудата за прекршокот.

(2) Судот може да бара обвинетиот, покрај полагањето на гаранција, да определи полномошник кој од негово име ќе ги прима писмената и ќе го застапува во постапката, ако се во прашање негови имотни права.

(3) Гаранцијата секогаш гласи на паричен износ што се определува со оглед на тежината на прекршокот, висината на пропишаната казна и големината на штетата нанесена на оштетното лице. Гаранцијата се состои во полагање на готови пари, хартии од вредност или скапоцености.

Глава четиринаесетта

СОСЛУШУВАЊЕ НА ЗАСТАПНИК

Сослушување на застапникот на правното лице

Член 57

(1) Кога прекршочната постапка се води против правно лице, се сослу-шува застапникот на обвинетото правно лице.

(2) Кога претставникот на обвинетото правно лице се сослушува прв-пат, претходно ќе се утврди неговиот идентитет и дали е овластен да го застапува обвинетото правно лице, а потоа ќе се земат следните податоци за правното лице: економската состојба, дали е казнувано и број на сметката кај Заводот за платен промет.

(3) Одредбите за испитување на обвинетиот согласно ќе се примену-ваат при сослушување на застапникот на правното лице.

Глава петнаесетта

ПРИВРЕМЕНО ОДЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ

Постапка на одземање

Член 58

(1) Предметите што можат да бидат одземени според член 24 став 1 точка 4 од овој закон, можат привремено да се одземаат и пред донесувањето на пресудата за прекршокот.

(2) Привременото одземање на предмети го определува со писмена наредба судот што ја води прекршочната постапка. Преписот од таа наредба мора да му се предаде на лицето од кое се одземаат предметите.

(3) На лицето од кое привремено се одземаат предмети му се издава потврда со точно назначување и опис на одземените предмети.

(4) Ако предметот е лесно расиплив или ако неговото чување бара несразмерни трошоци, а истиот не може да биде предаден на чување на друг на трошок на лицето од кое е одземен предметот, судот надлежен за водење на прекршочната постапка ќе определи таквиот предмет да се продаде, а парите од продадените предмети да се депонираат на сметката на судот.

Привремено одземање од други органи

Член 59

(1) Со закон може да се овластат службените лица во органите на управата привремено да ги одземат предметите од член 24 став 1 точка 4 од овој закон кога во вршењето на службената должност ќе дознаат за прекршокот и должни се привремено одземените предмети веднаш да ги предадат на надлежниот суд односно да го известат за извршеното привре-мено одземање на предметите и да се погрижат за нивното чување до поведување на прекршочната постапка.

(2) Во случајот од став 1 органите на управата се должни да поднесат барање за поведување на прекшочна постапка веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на одземањето на предметите, во спротивно должни се предметите да ги вратат на лицето од кое се одземени.

Привремено враќање на сопственикот

Член 60

Судот што ја води прекршочната постапка може по приговор од заинтересираното лице или по службена должност привремено одземените предмети да му ги врати на сопственикот.

Глава шеснаесетта

ПРИВРЕМЕНА ЗАБРАНА НА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ

Привремена забрана од други органи

Член 61

(1) Со закон овластени службени лица во органите на управата можат на сторителот на прекршокот привремено да му забранат вршење на дејност и должни се да донесат барање за поведување на прекршочна постапка веднаш, а најдоцна во рок од осум дена.

(2) Доколку барањето не е поднесено во рокот од став 1 се смета дека привремената забрана престанала да важи.

Укинување на привремена забрана од страна на судот

Член 62

Судот што ја води прекршочната постапка може по приговор на обвинетиот или по службена должност да ја укине привремената забрана.

Глава седумнаесетта

ТЕК НА ПОСТАПКАТА

Претрес

Член 63

(1) Заради разјаснување на работите судот определува претрес.

(2) На претресот се повикуваат обвинетиот и неговиот бранител, подносителот на барањето, сведоците и вештаците. Ако обвинетиот, односно подносителот на барањето е правно лице, на претресот се повикува застапникот на правното лице.

(3) За денот, часот и местото на претресот се известува и оштетениот, ако со тоа не би се одложувала постапката.

Претрес во отсуство на обвинетиот и на подносителот на барањето

Член 64

(1) Судот може да одлучи да се одржи претрес во отсуство на обвине-тиот кој е уредно повикан, а судот најде дека неговот присуство не е нужно за правилно утврдување на фактичката состојба. Под истите услови, претрес може да се одржи и во отсуство на уредно повиканиот застапник на обвинетото правно лице.

(2) Претрес ќе се одржи и ако не дојде уредно повиканиот бранител на обвинетиот.

(3) Претрес може да се одржи и во отсуство на подносителот на бара-њето иако е повикан, а судот најде дека е потребно да се одлучи по барањето.

Исклучување на јавноста

Член 65

(1) Претресот е јавен.

(2) Судот, може по службена должност или по предлог на странките, но секогаш по нивното сослушување, со решение да ја исклучи јавноста од целиот претрес или од еден негов дел, ако тоа е потребно заради чување на тајната, заштитата на моралот, заштитата на интересите на малолетниците или заради заштитата на други посебни интереси на општествената заедница.

(3) Ако постапката се води само против малолетни, претрес ќе се одржи без присуство на јавноста.

(4) Решението за исклучување на јавноста може да се побива само во жалбата на одлуката за прекршок.

Чување на тајна

Член 66

(1) Исклучувањето на јавноста не се однесува на странките, на оштете-ниот, на нивните застапници и на бранителот.

(2) Судијата ќе ги предупреди лицата кои присуствуваат на претресот на кој е исклучена јавноста дека се должни да го чуваат како тајна се она за што узнале на претресот и ќе им укаже дека оддавањето на тајната претставува кривично дело.

Тек на претресот

Член 67

(1) Претресот започнува со објавување на главната содржина на бара-њето. Потоа се пристапува кон испитување на обвинетиот. Ако се обвинети правно лице и одговорно лице во правното лице прво се сослушува застапникот на правното лице, а по него одговорното лице. По испитувањето на обвинетиот, се спроведува доказна постапка со сослушување на сведоци, вештаци и изведување на други докази.

(2) Подносителот на барањето, обвинетиот и неговиот бранител и застапникот на правното лице, како и оштетениот, имаат право во текот на претресот да предлагаат докази и да ставаат други предлози, а по одобрение на судијата кој ја води прекршочната постапка можат да им поставуваат прашања на лицата кои се сослушуваат.

(3) На претресот последен збор секогаш му припаѓа на обвинетиот, односно на застапникот на обвинетото правно лице.

(4) Ако судијата кој ја води прекршочната постапка најде дека претре-сот не треба да се одложува заради дополнување на постапката или разјасну-вање на одделни прашања, ќе го заклучи претресот и ќе донесе пресуда за прекршок, а јавно ќе ја објави изреката на пресудата со кусо образложение на причините.

(5) За работата на претресот се води записник во кој се внесува во битни црти целиот тек на претресот. Записникот го потпишуваат судијата и записничарот.

Постапување во случај кога обвинетиот сторил

прекршок или кривично дело

Член 68

(1) Ако за време на изведувањето на дејствијата во прекршочната постапка обвинетиот сторил прекршок, судијата кој ја води прекршочната постапка, по правило, по барање на присутниот подносител на барањето, ќе ја прошири постапката и за тој прекршок.

(2) Доколку подносителот на барањето не е присутен или не е овластен за поднесување на барање за поведување на прекршочната постапка и во поглед на прекршокот од став 1 на овој член или обвинетиот сторил кривично дело, судијата за тоа ќе состави записник и со него ќе го запознае надлежниот подносител на барањето, односно јавниот обвинител. На ист начин ќе се постапи ако и некој друг во текот на изведувањето на дејствијата во прекршочната постапка стори прекршок или кривично дело.

Прекин на постапката

Член 69

(1) Судот што ја води прекршочната постапка со решение ќе ја преки-не постапката:

1. Ако не може да се утврди живеалиштето односно престојувалиште-то на обвинетиот, или ако е во бегство, или од било кои причини не е доста-пен на државните органи или се наоѓа во странство на неодредено време;

2. Ако кај обвинетиот настапила привремена душевна болест или при-времено душевно растројство;

3. Ако за истото дело е покрената кривична постапка до завршувањето на кривичната постапка и

4. Постапката што е прекината по основ на став 1 точка 3 ќе продолжи кога кривичната постапка е запрена по некој друг основ а и натаму постојат услови за водење на прекршочна постапка.

(2) Пред да се донесе решение за прекин на прекршочната постапка ќе се приберат сите докази за прекршокот и за одговорноста на обвинетиот до кој може да се дојде.

(3) Прекршочната постапка ќе продолжи кога ќе престанат причините за тоа.

(4) За прекршокот и продолжувањето на постапката ќе се извести подносителот на барањето.

Глава осумнаесетта

ДОНЕСУВАЊЕ И СООПШТУВАЊЕ НА ОДЛУКИ

Видови одлуки

Член 70

Одлуките во прекршочната постапка се донесуваат во форма на пресу0да, решение или наредба.

Донесување на одлука

Член 71

(1) Прекршочната постапка завршува со донесување на пресуда или решение.

(2) Пресудата или решението за прекршок се однесува само на лицето за кое се бара поведување на прекршочната постапка и само за прекршокот што е предмет на барањето.

(3) Судот не е врзан за предлозите и оцената во однос на правната квалификација на прекршокот.

(4) Пресуда или решение за прекршок се заснова врз изведените дока-зи и фактите утврдени во прекршочната постапка.

Пресуда

Член 72

(1) Со пресуда за прекршок се запира прекршочната постапка или обвинетиот се огласува за виновен и му се изрекува прекршочна санкција.

(2) Ако прекршочната постапка се води за повеќе прекршоци, во пре-судата ќе се наведе за кои прекршоци постапката се запира, а за кои обвине-тиот се огласува за виновен и која прекршочна санкција му се изрекува.

Пресуда со која се запира постапката

Член 73

(1) Пресудата со која прекршочната постапка се запира ќе се донесе ако:

1. Дејствието не е прекршок;

2. Обвинетиот не го сторил прекршокот;

3. Постојат околности што ја исклучуваат одговорноста за прекршок;

4. Постапката е водена без барање на овластениот орган, односно оштетениот (член 48 став 1);

5. Постапката е водена од стварно ненадлежен суд;

6. Обвинетиот за ист прекршок правосилно е казнет во прекршочната постапка, или прекршочната постапка правосилно била запрена, но не поради ненадлежност;

7. Обвинетиот во кривичната постапка, односно во постапката за сто-пански престапи правосилно е огласен за виновен за дело што ги опфаќа и обележјата на прекршокот;

8. Обвинетиот ужива дипломатски имунитет;

9. Настапила застареност за водење на прекршочната постапка;

10. Нема докази дека обвинетиот го сторил прекршокот и

11. Подносителот на барањето се откажал од барањето пред правосил-носта на пресудата за прекршок.

(2) Прекршочната постапка ќе се запре и во други со закон определени случаи.

Решение за запирање на постапката

Член 74

(1) Со решение постапката се запира ако:

- обвинетиот умрел;

- правното лице престанало да постои;

- судот утврди дека прекршокот е извршен во состојба на непресмет-ливост и

- во текот на постапката настапило трајно душевно заболување на обвинетото лице.

Глава деветнаесетта

ПРАВНИ СРЕДСТВА

Видови правни средства

Член 75

(1) Против пресудата и решение на првостепениот суд може да се изјави жалба до второстепениот суд.

(2) Во прекршочната постапка завршена со пресуда можат да се користат вонредни правни средства: барање за повторувње на прекршочна постапка и барање на заштита на законитоста.

Глава дваесетта

ПОСЕБНИ ПОСТАПКИ

1. Прекршочна постапка спрема малолетници

Примена на одредбите од оваа глава

Член 76

Во прекршочната постапка спрема малолетници се применуваат одред-бите од оваа глава, а другите одредби од прекршочната постапка предвидени со овој закон само ако не се во спротивност со одредбите од оваа глава.

Надлежност

Член 77

(1) За водење на прекршочна постапка спрема малолетник месно е надлежен судот на чие подрачје малолетникот имал живеалиште или место на престојувалиште.

(2) Прекршочната постапка спрема малолетникот е итна.

Издвојување на прекршочна постапка

Член 78

(1) Кога прекршочно одговорен малолетник учествувал во извршува-њето на прекршокот со полнолетни лица, прекршочната постапка спрема него ќе се издвои и ќе се спроведе спрема одредбите од оваа глава.

(2) Од оправдани причини кога заради единството на доказите не е целисходно постапката да се раздвои, прекршочната постапка спрема малолетник може да се води заедно со прекршочната постапка против полнолетните лица и да се спроведе според општите одредби од овој закон.

(3) Кога се води единствена прекршочна постапка за малолетник и полнолетни сторители, во однос на малолетникот ќе се примени член 81 и член 82 од овој закон.

Повикување на малолетник

Член 79

(1) Малолетникот се повикува преку родителот, односно старателот, освен ако тоа не е можно поради потребата од итно постапување или од други важни причини.

(2) Ако повикувањето на малолетникот не се врши преку родителот, односно старателот судот што ја води прекршочната постапка ќе го извести родителот односно старателот за поведување на постапката.

Мислење од орган на старателство

Член 80

(1) Ако спрема постар малолетник е поведена прекршочна постапка за прекршок за кој е пропишана казна затвор, пред донесувањето на пресуда за прекршок, ќе се прибави мислење од органот за старателство за личноста на малолетникот.

(2) Органот за старателство во своето мислење ќе укаже на сите окол-ности што се од значење за донесување на правилна и законита одлука, а осо-бено на поранешното однесување и на малолетникот и на неговите семејни прилики.

(3) Органот за старателство, како и другите органи и организации од кои се бараат известување, извештаи или мислења, се должни најитно да постапат.

Должност за сведочење

Член 81

Никој не може да биде ослободен од должноста да сведочи за околно-стите од значење за оценување на душевната развиеност на малолетникот и за запознавање на неговата личност и околностите во кои живее.

Права на родителот - старателот

Член 82

(1) Во прекршочната постапка спрема малолетниците, органот за старателство и родителот, односно старателот на малолетникот имаат право да се запознаат со текот на постапката и во текот на постапката да даваат предлози и да укажуваат на фактите и доказите што се од значење за донесување на правилна одлука.

(2) При преземање на дејствија спрема малолетник во негово присус-тво, а особено при неговото испитување, лицата кои учествуваат во прекр-шочната постапка се должни да постапуваат внимателно, водејќи сметка за душевната развиеност, чувствителноста и личните особини на малолетникот.

Запирање на постапката

Член 83

(1) Ако во текот на прекршочната постапка се утврди дека малолет-никот во време на извршувањето на прекршокот не наполнил 14 години (дете), прекршочната постапка ќе се запре со решение.

(2) Во случајот од став 1 на овој член судот ќе го извести родителот, односно старателот на малолетникот, како и органот за старателство за прекршокот што е сторен, а по потреба може да го извести и училиштето, односно организацијата или заедницата во која малолетникот е сместен заради преземање воспитни мерки.

Овластување на судот да ја цени целисходноста на постапката

Член 84

(1) Судот може по претходно прибавено мислење од социјален орган да одлучи да не се поведе прекршочна постапка спрема малолетникот, ако смета дека не е целисходно да се води, со оглед на природата на прекршокот и околностите под кои прекршокот е сторен, поранешниот живот на мало-летникот и неговите лични особини.

(2) Во случајот од став 1 барањето за поведување на прекршочна постапка ќе се отфрли со решение, а во образложението ќе се наведат причините поради кои барањето е отфрлено. За сторениот прекршок ќе се извести родителот, односно старателот и органот за старателство.

Задолжително испитување

Член 85

(1) Во прекршочната постапка спрема малолетник не може да се донесе решение за прекршок без негово испитување.

(2) Малолетникот не ги плаќа трошоците за прекршочната постапка, ниту може во прекршочната постапка да се задолжи да го исполни имотно-правното барање, доколку му бил изречен укор.

Одлуки во постапката

Член 86

(1) Постапката спрема малолетник завршува со решение со кое на малолетникот му се изрекува казна или воспитна мерка.

(2) Судот може да ја запре постапката спрема малолетникот во случај кога се исполнети условите од членовите 73 и 74.

Доставување на одлука

Член 87

(1) За усно соопштената одлука на малолетникот ќе му се достави заверен препис во рок од осум дена од денот на соопштувањето на одлуката.

(2) На родителот, односно старателот на малолетникот и на органот за старателство им се доставува примерок од правосилното решение за прекр-шок со кое на малолетникот му е изречена прекршочна санкција, заради преземање воспитни мерки.

Жалба на решение

Член 88

(1) Против решението за прекршок донесено во прекршочна постапка спрема малолетникот, жалба можат да изјават, покрај лицата од член 351 од Законот за кривичната постапка, старателот, братот, сестрата и хранителот на малолетникот.

(2) Лицата од став 1 на овој член можат да изјават жалба во корист на малолетникот и против неговата волја.

Вонредни правни средства

Член 89

Во прекршочната постапка спрема малолетник може да се користат вонредни правни средства барање за повторување на прекршочна постапка и барање за заштита на законитоста.

2. Скратена постапка

Прекршоци по кои се води скратена постапка

Член 90

Скратена постапка се води:

1) ако во барањето за покренување на прекршочна постапка се содржани сите факти и докази врз основа на кои судот може да одлучи без присуство на странка;

2) доколку барањето за покренување на постапката се заснова на јавни исправи издадени од надлежни државни органи и

3) доколку сторителот е затечен при извршувањето на прекршокот од страна на овластено службено лице.

Тек на скратена постапка

Член 91

Во скратена постапка судот одлучува без испитување на обвинетиот ако е уредно повикан, а не се јави.

Постојано заседание на судот

Член 92

Заради брзина на постапката судот обезбедува постојано работа во

текот на 24 часа.

Итност на постапката

Член 93

(1) Судот е должен да покрене постапка веднаш по приемот на барање-то за покренување на постапката а најдолго во рок од три дена.

(2) Кога обвинетиот е странец, судот во итна постапка одлучува во најкус можен рок, а не подолго од три дена.

Рокови за правни средства

Член 94

(1) Жалбата се поднесува во рок од осум дена од денот на одлучу-вањето.

(2) Второстепениот орган одлучува во рок од два месеци од приемот на жалбата.

Глава дваесет и прва

ИЗВРШУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ

Извршување на пресудата или решението за прекршок

Член 95

(1) Пресудата или решението со кое на малолетникот се изрекува казна за прекршок донесени во прекршочната постапка стануваат правосилни кога веќе не може да се побиваат со жалба.

(2) Правосилна пресуда или решение се извршува кога е извршено нивно доставување и кога за извршување не постојат законски пречки. Ако не е изјавена жалба или обвинетиот се откажал од жалба, одлуката е извршена со истекот на рокот за жалба, односно од денот на одредување или откажувањето од изјавената жалба.

(3) Пресудата или решението за прекршок со кое правосилно е изрече-на парична казна, или е одлучено за надоместок на трошоците на прекр-шочната постапка или за надоместок на штета, или е одлучено за одземање на имотна корист, се извршува кога ќе истече рокот предвиден во пресудата за плаќање на казната, на трошоците на постапката, на надоместокот на штета, односно на имотна корист.

(4) Ако казнетиот вложил жалба против пресудата или решението за прекршок, рокот од став 3 на овој член тече од денот кога му е врачено решението за прекршок на второстепениот суд за прекршоци.

Примена на одредбите од Законот за извршување на санкциите

Член 96

Казната затвор, паричната казна, затворот со кој е заменета паричната казна, мерките на безбедност и воспитните мерки се извршуваат според одредбите на Законот за извршување на санкциите доколку со овој закон поинаку не е определено.

Надлежен суд

Член 97

Казната затвор изречена со правосилна пресуда за прекршок, како и затворот со кој е заменета изречената парична казна за прекршок, ја извршува судот определен со закон.

Извршување на парична казна

Член 98

(1) Паричната казна и трошоците на прекршочната постапка ги извршува судот што ја донел пресудата за прекршок во прв степен.

(2) Паричната казна и трошоците на прекршочната постапка се упла-туваат преку пошта или банка со посебна уплатница издадена од надлежниот суд во рок определен со пресудата за прекршок. Пополнетата уплатница му се доставува на казнетиот со првостепената, односно второстепената пресуда.

(3) Поштата, односно Заводот за платен промет кај кои се води сметка на казнетиот должни се во рок од три дена да го извести надлежниот суд за извршената уплата од став 2 на овој член.

Присилна наплата на парична казна

Член 99

(1) Постапката за присилна наплата на паричната казна и на трошоци-те на прекршочната постапка по службена должност ја поведува и води судот што ја донел пресудата за прекршок во прв степен.

(2) Присилна наплата на паричната казна и на трошоците на прекр-шочната постапка се врши според одредбите за присилна наплата на парична казна изречена во кривичната постапка.

Примена на одредбите за извршна постапка

Член 100

За присилно извршување на пресуда за прекршок која гласи за исполнување на обврска се применуваат одредбите од Законот за извршната постапка.

Дел трети

Глава дваесет и втора

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

Член 101

Износот на исплатените парични казни и трошоците на постапката се приход на републичкиот буџет.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 102

(1) Постапката започната согласно со Законот за прекршоците од "Службен весник на СРМ" бр. 43/84, 42/85, 50/87, 10/88, 36/89, 42/89, 7/90 и "Службен весник на Република Македонија" бр. 25/92, 63/92 и 12/94, во која е донесена првостепена одлука ќе продолжи според одредбите на тој закон.

(2) Ако во постапката по жалба и по вонредни правни лекови одлуката е вратена на повторно одлучување, постапката ќе продолжи според одред-бите на овој закон.

Член 103

Со денот на примената на овој закон престанува да важи Законот за прекршоците ("Службен весник на СРМ" бр. 43/84, 42/85, 50/87, 10/88, 36/89, 42/89, 7/90 и "Службен весник на Република Македонија" бр. 25/92, 63/92 и 12/94); Законот за стопанските престапи ("Службен лист на СФРЈ" бр. 4/77, 10/86, 74/87, 57/89 и 3/90), одредбите од член 122 и 124 кои се однесуваат на постапката од Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр. 30/93); одредбите од член 305 до 307 од Законот за царините ("Службен весник на Република Македонија" бр. 20/93); одредби-те од член 89 до 91 од Законот за надворешно-трговското работење ("Службен весник на Република Македонија" бр. 31/93, 41/93 и 78/93).

Член 104

(1) Постапката за стопански престапи започната според Законот за стопански престапи, во која е донесена првостепена одлука ќе продолжи според одредбите на тој закон.

(2) Ако во постапката по жалба и по вонредни правни лекови одлуката е вратена на повторно одлучување, постапката ќе продолжи според одредбите на овој закон.

Член 105

Поимот просечна плата употребен за определување на долната и горната граница на паричната казна за одделни престапи или прекршоци означува износ од 8.500,00 денари, според висината на просечната плата исплатена по работник во Републиката во месец април 1996 година.

Член 106

Законите во кои е пропишана парична казна изразена во плати, ќе се усогласат со овој закон по однос на пропишувањето на казната во рок од две години од неговото влегување во сила.

Член 107

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".